Утрински Весник
Свет

Од утре построги мерки и во Франција – за непочитување ќе следи парична казна од 135 евра

Од утре построги мерки и во Франција – за непочитување ќе следи парична казна од 135 евра

Заштитните маски од утре ќе бидат задолжителни на улиците во Париз, соопштија локалните власти, во време кога расте бројот на нови случаи на коронавирус.

Според соопштението, оние кои нема да го почитуваат ова правило ќе се соочуваат со казни од 135 евра.

Носењето заштитни маски веќе е задолжително во јавните згради и јавниот превоз низ цела Франција, пишува Ројтерс.

Претходно, француската министерка за здравство, Оливија Веран, им рече на пратениците дека Франција се соочува со „цунами“ од зарази со коронавирус.

Од почетокот на пандемијата во Франција, регистрирани се повеќе од 9,5 милиони случаи на коронавирус, додека 123.372 лица починале.

Можете да прочитате

Роботакси „украло“ куфери, возилото Waymo отиде во друг град со багажот на патниците

Удвоен бројот на случаи на хантавирус во Аргентина

Директорот на СЗО: Ова не е нов Ковид