Утрински Весник
Свет

Два силни земјотреса со јачина над 5 степени по Рихтер во близина на Крит

Два силни земјотреса со јачина над 5 степени по Рихтер во близина на Крит

Два земјотреса со јачина над 5 степени според Рихтеровата скала го погодија Крит.

По земјотресот од 5,7 степени што ноќта го потресе најголемиот грчки остров, чиј епицентар бил во морето недалеку од брегот, во 17:47 часот е регистриран нов земјотрес со јачина од 5,2 степена, соопшти грчкиот Геодинамички институт.

Според „Ројтерс“, се уште нема информации за повредени или материјална штета.

Вечерашниот земјотрес бил почувствуван и во некои египетски градови, соопштија тамошните власти.

Акис Целентис, директор на Геодинамичкиот институт на Крит, за грчката телевизија „Скај“ изјави дека го почувствувал земјотресот.

„За среќа, тој беше во морето. Областа е веќе оптоварена од претходните потреси и може да има штети во внатрешноста“, рече тој.

Можете да прочитате

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска

Хакери во Берлин објавија украдени податоци откако градот одби да плати откуп

Фронтекс за првпат распоредува патролен брод во Ламанш