Утрински Весник
Свет

Франција со национален и европски рекорд по бројот на заразени – 208.000 за еден ден

Франција со национален и европски рекорд по бројот на заразени – 208.000 за еден ден
Dik 300x250 mk

Во Франција во последните 24 часа се потврдени 208.000 случаи на инфекција со Ковид-19, што е национален и европски рекорд, изјави министерот за здравство Оливие Веран пред француските парламентарци.

Веран рече дека во просек на секоја секунда по двајца Французи биле позитивни на Ковид-19.

Состојбата во болниците е загрижувачка поради делта варијантата, објасни тој, додека ударот од омикрон сè уште се очекува. Грипот дополнително ќе ја усложни ситуацијата во болниците, кажа францускиот министер.

Еден ден претходно, Франција забележа речиси 180.000 случаи на зараза со Ковид-19, што беше рекорд за една земја во Европа.

Според податоците од страницата Our World in Data, 72,9 отсто од Французите се целосно вакцинирани, додека 78 отсто примиле најмалку една доза.

Глобалната зараза со Ковид-19 урива рекорди во последните седум дена, покажуваат податоците на агенцијата „Ројтерс“ објавени денеска.

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник