Утрински Весник
Спорт

Инзаги за Перишиќ: Ме импресионираше кога бевме на различни страни, сега уште повеќе

Инзаги за Перишиќ: Ме импресионираше кога бевме на различни страни, сега уште повеќе

Статусот на хрватскиот фудбалски репрезентативец Иван Перишиќ во Интер се уште е една од темите со кои се занимаваат италијанските медиуми. Хрватот има важечки договор до крајот на сезоната, а разликата меѓу неговите побарувања и клупската понуда е голема.

Според наводите на „La Gazzetta dello Sport“ Перишиќ бара 6 милиони евра годишна плата, а од Интер му нудат 3.5 и договор на 2 години.

Едно е сигурно – стратегот на „Нероазурите“, Симоне Инзаги ги сакал да го има во тимот и во иднина.

„Ме импресионираше кога бевме на различни страни, сега кога сум му тренер – уште повеќе. Пријатно ме изненади о одлично игра сезонава. Знаев дека е вистински шампион, а открив и дека можам да го искористам на повеќе позиции. Без проблеми може да игра како повлечен напаѓач, но и како десно крило, ако тоа го побарам од него“ смета Инзаги.

> Инзаги за Перишиќ: Ме импресионираше кога бевме на различни страни, сега уште повеќе <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина