Утрински Весник
Свет

Поради стравот од Русија и нападот на соседите, САД го оставија носачот на авиони во Средоземното Море

Поради стравот од Русија и нападот на соседите, САД го оставија носачот на авиони во Средоземното Море

Иако се чека низа преговори со цел да се смири тензијата меѓу Русија и Украина, САД го оставија носачот на авиони „Хари С.Труман“ во Средоземното Море „за секој случај“, пишува денеска „Дојче веле“.

Носачот, поточно целата група бродови што го придружуваа американскиот носач на авиони „Хари С.Труман“, требаше да продолжи во водите на Блискиот Исток, но американскиот министер за одбрана Лојд Остин нареди тој да остане во Средоземното Море.

Официјален Пентагон рече дека „оваа промена ја одразува обновената потреба за постојано присуство во Европа“, додавајќи дека „неопходно е да им се гарантира на сојузниците и партнерите нашиот ангажман во колективната одбрана“.

Можете да прочитате

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска

Хакери во Берлин објавија украдени податоци откако градот одби да плати откуп

Фронтекс за првпат распоредува патролен брод во Ламанш