Утрински Весник
Магазин

(Видео) „Не гледај нагоре“ со порака – капитализмот е закана за нашата цивилизација

(Видео) „Не гледај нагоре“ со порака – капитализмот е закана за нашата цивилизација

Не е за изненадување што питката и паметна црна комедија „Не гледај нагоре“ (Don’t Look Up) е еден од најголемите хитови на „Нетфликс“ овие денови. Дури и кога ќе го додадете Леонардо ди Каприо во улогата на секси научник, Мерил Стрип како претседателка на САД и стандардно добриот Марк Рајленс – чиј лик би можел да се нарече Илон Џобс (комбинација на Илон Маск и Стив Џобс) – забавата е загарантирана.

„Не гледај нагоре“, трагикомична сатира, има неколку јасни пораки.

На овој филм секако ќе му одговараше и наслов „Идиократија 2“ (Idiocracy 2: Final Showdown). Само што овојпат идиократијата не е сместена во иднината неколку века подалеку од нас, туку практично во сегашниот момент. Не треба многу за да ја сфатите основната порака за неподготвеноста на нашата цивилизација сама да се справи со опасен проблем. Авторот Адам Мекеј очигледно црпел инспирација за овој заклучок од сето она што ни се случи во последните години, особено во текот на пандемијата.

Народот е прикажан како неподготвен да ја разбере сериозноста на ситуацијата, медиумите се занимаваат само со теми што ги сака народот – а на социјалните мрежи доминираат ступидни мемиња и хејтерски коментари. Згора на сето тоа е неспособната администрација (американска, но не само американска), чија главна преокупација е како да дојде до гласови на изборите.

Научниците можат да допрат до јавноста само ако се згодни како Леонардо ди Каприо. Администрацијата почнува да ја решава кризата исклучиво од пи-ар причини, прават патриотски спектакл, а потоа се откажуваат затоа што мислат дека нашле подобро решение.

И тоа „подобро решение“ нè води до главната порака на филмот, која е речиси марксистичка – оваа цивилизација нема да ја преплави неспособна администрација, комерцијални медиуми, социјални мрежи, необразовани луѓе, па дури и комета со големина на Монт Еверест.

Како и во „Идиократија“, нема да ни се удри од глава фактот дека идиотите се размножуваат подобро од интелектуалците.

Според авторите на филмот, нам ќе ни пресуди капитализмот.

И дефинитивно не се мисли само на некои хипербогати бескрупулозни бизнисмени, кои можат да командуваат дури и со американскиот претседател, туку на целата капиталистичка логика на која профитот е буквално поважен од судбината на целото човештво.

Овој филм го рефлектира бранот на филмски антикапитализам, тренд кој се вжештува во последно време. Тука е и суперпопуларната и супер-квалитетна серија Squid Game, приказна за перверзни богаташи. А не заостанува ниту анимираната серија Arcane, во која лесно се препознава силниот антиелитистички набој и критика на општеството базирано на желба за профит.

Останува да се види дали гледачите ова ќе го сфатат како обична забава.

https://www.youtube.com/watch?v=WbgeySmktpg

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста