Утрински Весник
Политички Партии

Митева: Тужбата од Каевски е одбиена – уште еден неуспешен обид на СДСМ да ја уништи политичката дебата

Митева: Тужбата од Каевски е одбиена – уште еден неуспешен обид на СДСМ да ја уништи политичката дебата

„Тужбата од Дарко Каевски против мене е одбиена како неоснована, во целост! Има некои работи кои јавната функција ги носи со себе (покрај вашите бескрајни привилегии) – една од нив е должноста секогаш да одговорите на прашањата поставени во јавност, а не да ги користите дејствијата на клевета како средство за задушување на дебатата или пречка да ве повикаме на отчетност”, напиша на својот фејсбук профил Марија Митева, Портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

Митева додава дека нема интенција со оваа објава да покаже кој победил, а кој изгубил.

„Привилегиите пак, вас во СДСМ ве мотивираат да ги користите овие методи на заплашување со цел да ја уништите политичката дебата и слободата на изразување. Неуспешно, затоа што ништо не може да ја замени и победи упорноста. Единствена моќ се упорноста и одлучноста!”, напиша Митева.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт