Утрински Весник
Свет

Во Црна Гора зголемен бројот на заразени со Ковид-19, можно затворање на рестораните

Во Црна Гора зголемен бројот на заразени со Ковид-19, можно затворање на рестораните

Поради зголемениот број на заразени лица од коронавирус, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Црна Гора ќе и предложат на Владата поостри ревидирани мерки во борбата против коронавирусот.

Според црногорските медиуми, новите мерки вклучуваат затворање на ресторани, кафулиња и задолжителен тест за влез во Црна Гора.

Според соопштението на Министерството за здравство на земјата, веќе во среда треба да започне поинаква организација на работата во здравствениот систем.

За потсетување, во Црна Гора од понеделник до вторник се регистрирани 1.120 нови случаи на заразени со Ковид-19.

Можете да прочитате

Топлотен бран беснее низ Европа: Црвен аларм во Британија

ОН почнуваат евакуација на бродови заглавени во Персискиот Залив

ОН: Израел намерно ги напаѓал децата во Појасот Газа