Утрински Весник
Македонија

Полицајци извлекле тетовец затрупан со возило во снежните наноси на Галичица

Полицајци извлекле тетовец затрупан со возило во снежните наноси на Галичица

Синоќа во 20.30 часот полициски службеници од СВР Битола преку 192 добиле повик за помош од страна на П.Х.(57) од Тетово.

Според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица, П.Х. заглавил со патничко возило „џип“, со албански национални ознаки, на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за движење со возила во зима.

Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на терен, при што во 21.00 часот во близина на место викано Ски-центар Галичица било пронајдено заглавеното во снег возило.

На П.Х. му била укажана помош и безбедно бил извлечен со возилото и спуштен на безбедно место на главниот пат.

Можете да прочитате

Петровска до Мисајловски: Зошто две години во Министерството за одбрана платите не се зголемени?

Со четирицикл излетал од пат во охридско, тешко повредена неговата сопатничка

Шабани на конференцијата „MILCON 26″: Воената академија дава суштински придонес кон одбраната и безбедноста