Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Противниците на ковид-мерките во Австрија ги повикаа граѓаните на ковид-забава на новогодишната ноќ

Противниците на ковид-мерките во Австрија ги повикаа граѓаните на ковид-забава на новогодишната ноќ
Img 7972

Противниците на епидемиолошките мерки во Австрија ги канат граѓаните на протестна забава на новогодишната ноќ.

Бидејќи сегашните епидемиолошки мерки ја спречуваат корона-забавата, бидејќи работното време на угостителските објекти е ограничено до 22 часот, противниците на мерките преку каналот Телеграм повикуваат на собири на 31 декември.

Граѓаните преку Телеграм се повикуваат да пријават што повеќе протести за 31 декември, за да можат да ја дочекаат Новата година на улица.

Инаку, следниот голем протест против антимерките е најавен за 8 јануари, кога се очекува Австријците да се вратат од зимскиот одмор.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот