Утрински Весник
Македонија

И утре облачно и магливо, со повремен дожд

И утре облачно и магливо, со повремен дожд

Времето утре ќе биде значително облачно со повремени локални врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната од 6 до 12 степени.

Во Скопје претежно облачно, претпладне магливо, а преку денот со повремен дожд. Кон крајот на денот ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 8 степени.

Од четврток следуваат денови на стабилно време со натпросечни дневни температури. Особено топло ќе биде за време на викендот.

Можете да прочитате

Уапсени девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол

Јосифоска: На 34 години ќе ме оставевте во количка и ќе ми го запревте животот

18-годишен делчевец пронашол лични документи и поголема сума пари и ги предал во полиција