Утрински Весник
Спорт

Каљеха доби отказ, Мендилибар е новиот тренер на Алавес

Каљеха доби отказ, Мендилибар е новиот тренер на Алавес

Фудбалскиот клуб Алавес му врачи отказ на Хави Каљеха и на неговото место го назначи Хосе Луис Мендилибар (60). Искусниот тренер со Алваес потпишал договор до крајот на сезоната.

Мендилибар, од 2015 година до крајот на минатата сезона, го предводеше Еибар. Со овој клуб го раскина договорот откако испадна од Примера. Покрај Еибар, во кариерата бил тренер во Атлетик Билбао, Ваљадолид и Осасуна.

Алавес, по 18 натпревари во Примера, се наоѓа на 18.место со само 15 поени.

Мендилибар ќе дебитира на 2.јануари, против Реал Сосиедад.

> Каљеха доби отказ, Мендилибар е новиот тренер на Алавес <

Можете да прочитате

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026

Несторовски: Милевски не сака играчи со силен карактер, затоа ме отпиша од репрезентацијата