Утрински Весник
Магазин

(Видео) Новиот трејлер за „Бетмен“ собра над 6 милиони прегледи за 24 часа

(Видео) Новиот трејлер за „Бетмен“ собра над 6 милиони прегледи за 24 часа

Излезе третиот трејлер за „Бетмен“.

Долгоочекуваниот филм со Роберт Патинсон како човек-лилјак и Зои Кравиц како жена-мачка го прикажува Бетмен како се обидува да го победи The Riddler, кого го глуми Пол Дано.

Новиот трејлер се фокусира на растечката врска помеѓу Бетмен и Жената-мачка. Тизерот излезе во понеделникот на официјалниот јутјуб-канал на „Ворнер Брос пикчрс“, и е прегледан повеќе од шест милиони пати за само 24 часа.

Две години следење по улиците, внесување страв во срцата на криминалците, го одведоа Брус Вејн длабоко во сенките на Готам Сити“, се наведува во официјалниот синопсис на филмот.

Режисер на филмот е Мет Ривс, кој го напиша и сценариото заедно со Питер Крег.

„Бетмен“ излегува на 4 март 2022 година, исклучиво во кината.

Можете да прочитате

Костадинов ќе стане татко – го очекуваат синот Никола

Синчето на Борко Ристовски најде 500 евра во маркет – мајката Нина го бара сопственикот

Бугати направи велосипед – поскап е од нов семеен автомобил