Утрински Весник
Македонија

Од денеска се воведуваат ноќни линии на ЈСП во Скопје

Од денеска се воведуваат ноќни линии на ЈСП во Скопје

Од денеска се ставени во функција ноќните линии на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и тоа со 11 автобуски линии: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б.

„Воведувањето на ноќни линии е почеток на промените за подобар јавен градски превоз што е дел од програмата на раководството на ЈСП и на Градот Скопје. На овој начин за скопјани се обезбедува јавен превоз и за време на ноќните часови, што беше укинато како опција од минатото раководството на Градот пред две години“, појаснуваат од Град Скопје.

Автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65Б, ќе сообраќаат секој ден, а преостанатите ќе бидат во функција во деновите од викендот или комбинирано, како и за време на празниците.

Сите детали за возниот ред и трасите на ноќните линии се веќе достапни на веб страницата на ЈСП Скопје, додаваат од таму.

Можете да прочитате

Следува продор на значително поладен воздух од север во Македонија

ВРЕДИ: ДУИ 20 години го труеше народот со корупција, сега зборува за воздухот

На пратеникот Сашко Јанчев од Левица му се одземаат возачката и патната исправа – прифатени мерките по сообраќајката