Утрински Весник
Свет

(Видео) Американската полиција за време на потера застрела и уби 14-годишно девојче

(Видео) Американската полиција за време на потера застрела и уби 14-годишно девојче
Dik 300x250 mk

Полициската управа во Лос Анџелес во понеделникот објави снимка од надзорните камери и камерите поставени на полициските униформи кои го покажуваат немилиот тек на настаните во кој загина 14-годишно девојче.

На снимката се гледа како 24-годишниот осомничен Даниел Елена-Лопез со велосипед влегува во продавницата Burlington Coat Factory во Холивуд, во четвртокот минатата недела и се качува на ескалаторот. На себе носи маица со кратки ракави и шорцеви.

Неколку моменти подоцна се појавува во јакна и долги панталони и замавнува со својот велосипед односно напаѓа другите купувачи, пишува Си-ен-ен.

На снимката од камерите на полициските униформи се гледа жена која лежи на подот облеана во крв додека полицијата поминува низ продавница и се обидува да го лоцира осомничениот. Еден од полицајците потоа пука со три куршуми кон осомничениот, кој потоа паѓа на земја.

Валентина Орељана-Пералта (14) за време на полициската потера била во соблекувалната на бутикот со мајка си, а еден од куршумите ја пробил преградата на соблекувалната и го погодил девојчето во градите, по што таа починала.

На местото на настанот починал и осомничениот. Во близина на неговото тело била пронајдена метална брава за велосипед. Полицијата не пронашла огнено оружје.

Полицаецот кој пукал во осомничениот и го убил девојчето е на платен одмор. Истрагата за инцидентот е во тек.

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник