Утрински Весник
Магазин

Канје Вест купи куќа спроти Ким Кардашијан

Канје Вест купи куќа спроти Ким Кардашијан
Dik 300x250 mk

Раперот јасно стави до знаење дека е решен повторно да го собере своето семејство – и дека е подготвен да потроши пари за да го оствари тоа.

Два месеци откако Ким Кардашијан официјално го префрли брачниот дом во Хидн Хилс, Калифорнија, за да биде целосно под нејзино име, Канје Вест купи еднокатна куќа директно од другата страна на улицата, објави „Њујорк пост“.

И очигледно, тој толку очајно ја сакал скромната куќа со пет спални соби и четири бањи, што платил 4,5 милиони долари – 421,000 долари над бараната цена на продавачот, пренесува публикацијата.

Се чини дека ова е добар тајминг за Канје, бидејќи куќата се појави на пазарот првпат по 67 години на 1 декември за 4.079 милиони долари.

Инсајдер изјави за „Њујорк пост“ дека Канје сака да биде во непосредна близина на своите деца.

„Тоа е само едноставна логистика за тој да биде блиску до своите деца и да има пристап до нив веднаш“, извор близок до раперот изјави за весникот.

Можете да прочитате

Слатко од тиква – 24info.mk

Јубилеен концерт на „Ареа“ во сабота во СП „Јане Сандански“ – 25 години од „Врати на имагинација“

Ја напушти Америка за да гради кариера во Македонија: Антонио Тасевски е новиот вокал на Дакапо Бенд!