Утрински Весник
Македонија

Пронајдени 53 мигранти во камион, приведен е криумчарот

Пронајдени 53 мигранти во камион, приведен е криумчарот

Синоќа на наплатната станица „Романовце“, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции го привеле А.Ќ.(39) од селото Стојаково, Гевгелиско. При контрола на товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитз“, кое го управувал во правецот од Куманово кон Скопје, биле пронајдени 53 лица – мигранти, од кои 34 лица од Индија и 19 лица од Куба.

Исто така, при контролата било утврдено дека на влекачот и полуприколката биле поставени регистарски таблици кои припаѓаат на други возила. Мигрантите биле сместени во Тразитниот центар „Табановце“, а возачот А.Ќ. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Влошена здравствената состојба на Јакимовски – од затвор вечерва итно пренесен на операција

13-годишник и натаму животнозагрозен – по крвавата пресметка се кројат построги мерки

Во Кичево уапсен осуденик баран со потерница