Утрински Весник
Магазин

Девет милиони луѓе ја слушале божикната порака на кралицата

Девет милиони луѓе ја слушале божикната порака на кралицата

Традиционалното божикно обраќање на кралицата Елизабета Втора , во кое таа емотивно зборуваше за својот покоен сопруг и сочувствуваше со семејствата на кои им недостасуваат најблиските, била најгледаната ТВ-емисија на Божиќ во Велика Британија.

Како што пренесува „Би-би-си“, публика од 8,96 милиони луѓе го гледале празничното обраќање што се емитуваше на „Би-би-си уан“, „Ај-ти-ви“ и „Скај њус“ според рејтинзите во текот на ноќта.

Специјалното издание на „Би-би-си“  Strictly Come Dancing Christmas Special и Call the Midwife биле следните две најгледани емисии таа ноќ.

Во битката на сапуниците, Coronation Street на „Ај-ти-ви“ се најде на врвот.

Во својата прва годишна божиќна порака по смртта на принцот Филип, кралицата (95) го опиша како нејзин сакан.

„Божиќ може да биде тежок за оние кои ги загубиле своите сакани – оваа година особено разбирам зошто“, рече таа во претходно снименото 10-минутно обраќање емитувано во 15:00 часот по Гринич.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста