Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Трговците во Германија: Божиќната сезона е катастрофална

Трговците во Германија: Божиќната сезона е катастрофална
300x250 opst2

Трговците на мало во Германија повторно се разочарани од клучната божиќна потрошувачка сезона, објави здружението на трговци во земјата.

„Божиќната сезона беше катастрофа за трговците втора година по ред“, рече Стефан Гент, генерален секретар на Германското здружение на трговци на мало (ХДЕ), мислејќи на анкетата спроведена од страна на здружението меѓу деловните лидери на 750 компании.

„Многу малопродажни компании веќе немаат никакви илузии и стравуваат за опстанок“, додаде Гент.

Божиќниот бизнис започнал добро во ноември, но потоа беа воведени регулативи кои бараа клиентите да влезат во многу продавници со сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19. Тие ограничувања довеле до пад на приходите и бројот на клиенти во продавниците.

Според претставниците на клучниот сектор на германската економија, повеќе од три четвртини од трговците на мало кои не се прехранбени производи се незадоволни од божиќниот промет, кој минатата недела бил за 35 отсто помал отколку во периодот пред кризата, покажа истражувањето на „ХДЕ“.

Состојбата е особено лоша во центрите на градовите, велат оттаму, каде прометот е намален за 36 отсто од нивото пред кризата, додека бројот на клиенти е намален за 42 отсто.

Со оглед на ваквите резултати од истражувањето, ХДЕ повторно ги повика властите да им помогнат на компаниите кои имаат потреба.

 

Можете да прочитате

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха