Утрински Весник
Спорт

Халанд решил каде ќе ја продолжи кариерата

Халанд решил каде ќе ја продолжи кариерата

Ерлинг Халанд решил кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид. Информацијата ја објави италијанскиот новинар, Џанлука Ди Марзио.

Новинарот напиша, дека Норвежанецот, ја одбрал Примера пред Премиер лигата на Англија. Сметал дека повеќе му „лежел“ стилот на игра во шпанскиот шампионат.

„Тој веќе побарал од менаџерот да му ги договори условите со Реал“, објави Ди Марзио.

Халанд, во летниот преоден рок ќе може да го напушти Дортмунд за 75.000.000 евра. Годишно во Германија заработува околу 8.000.000 евра, се очекува платата во реал да му биде дупло поголема.

> Халанд решил каде ќе ја продолжи кариерата <

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал