Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека секогаш се труди сам да избира новогодишни подароци за своите внуци, иако лично не оди на шопинг.
Путин зборувајќи за својот приватен живот за руски медиуми, на прашањето дали ќе ја помине Новата година со членовите на семејството и ќе одбере подароци за внуците, одговори потврдно, додавајќи дека не оди на шопинг лично.
„За жал, не одам во шопинг, но бидејќи денес има многу можности да изберам нешто, се трудам сам да го направам тоа. И се надевам дека ќе им се допаднат подароците“, рече Путин.
Тој рече и дека планира да ја дочека Новата година со членовите на семејството со кои ќе го слуша новогодишното обраќање до нацијата.
На прашањето како планира да ја помине новогодишната ноќ, тој со насмевка одговори: „Ќе бидам со семејството, ќе ја дочекам Новата година и ќе го слушам говорот на претседателот“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков претходно изјави дека рускиот претседател традиционално ќе ја дочека Новата година со семејството и пријателите.
Тој додаде дека празниците за Путин делумно ќе бидат работни, објаснувајќи дека претседателот на Русија ретко тој период го поминува како новогодишни празници.
„Мислам дека тој, како и сите други, ќе ги искористи првите неколку дена за одмор, иако не може да има целосен одмор. Шефот на државата мора постојано да работи, особено во време кога ситуацијата во Европа е загрижувачка“, рече Песков.