Утрински Весник
Спорт

Катар по СП стадион ќе пресели во Тунис

Катар по СП стадион ќе пресели во Тунис

Светското првенство во Катар ќе се игра на најмодерни стадиони. Еден од нив е стадионот „974“. Името го доби по повикувачкиот број за Катар, реонот Доха-Рас Абу Абуда.

Токму поради тоа овој стадион е направен од 974 контејнери. Има капацитет од 40.000 места и ќе се користи само за потребите на Мундијалот. По завршувањето на Светското првенство стадионот ќе биде размонтиран и ќе биде преселен во Тунис.

Домаќините на Мундијалот, решија да го растурат стадионот и да го преселат во Тунис.

Стадионот ќе биде монтиран во градот Сфакс, натпревари на овој објект ќе се играат од 2023 година.

На стадионот „974“ ќе се играат натпревари во фазата по групи, а ќе биде одигран и еден натпревар од осмина-финалето.

> Катар по СП стадион ќе пресели во Тунис <

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија