Утрински Весник
Магазин

„Човек-пајак: Далеку од дома“ најголем филм на „Сони“ на сите времиња

„Човек-пајак: Далеку од дома“ најголем филм на „Сони“ на сите времиња

„Човек-пајак: Далеку од дома“ (Spider-Man: No Way Home) стана филм со најголема заработка на „Сони“досега.

Блокбастерот до петокот забележи продажба на билети во износ од 405,5 милиони долари во САД и е на пат да го надмине прагот од 1 милијарда долари на глобалниот боксофис, според напис на „Холивуд репортер“.

Истиот извор пренесува дека новиот филм од серијалот „Спајдермен“заработил 19,7 милиони долари на Бадник.

Продолжението со Том Холанд (25) во насловната улога се предвидува да достигне 1 милијарда долари викендов, прв што ќе го стори тоа во ерата на пандемија.

Во „Далеку од дома“ се појавува и Зендаја (25) како девојка на суперхеројот, како и претходните ѕвезди на Спајдермен, Тоби Мегваер (46) и Ендру Гарфилд (38).

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои мислат дека луѓето ќе се променат 

Вил Смит се соочува со тужба за сексуално вознемирување

Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година