Утрински Весник
Свет

Блумберг: Германија затвора половина од своите нуклеарни реактори во најлош момент

Блумберг: Германија затвора половина од своите нуклеарни реактори во најлош момент
Dik 300x250 mk

Германија има намера да затвори речиси половина од својот нуклеарен капацитет пред крајот на годината, што дополнително ќе ги оптовари европските мрежи веќе погодени од една од најлошите енергетски кризи во историјата на континентот.

Со затворањето на Гронд, Гундреминген Ц и Брокдорф, што е уште една фаза од укинувањето на нуклеарната програма во Германија, ќе останат само три нуклеарни централи, кои ќе бидат затворени до крајот на 2022 година.

Покрај притисоците во снабдувањето, затворањето го отстранува клучниот извор на енергија со низок јаглерод во земја со зголемени емисии на стакленички гасови, пишува Блумберг.

По катастрофата во Фукушима во 2011 година, Германија вети дека ќе ги затвори сите свои реактори. Во тоа време, земјата беше лидер во обновливите извори на енергија, но со постепеното укинување на нејзината нуклеарна програма, таа се повеќе се потпира на јаглен и лигнит за производство на електрична енергија.

Нуклеарните централи се дизајнирани да произведуваат енергија 24 часа на ден, обезбедувајќи вредна поддршка кога не дува ветер или нема сонце. Иако исклучувањата се познати со години и веројатно нема да предизвикаат нов скок на цените, отстранувањето на четири гигавати од основното производство укажува на опаѓање на капацитетот во Германија.

Ова е една од причините зошто догодина цените ќе бидат повисоки – струјата за испорака во 2022 година годинава поскапе повеќе од пет пати.

Германија има намера да го затвори целото производство на јаглен до 2038 година, а бројот на електрани од лигнит ќе се намали за речиси 16 отсто до 2024 година.

Можете да прочитате

Во Франција најмалку петмина повредени откако намерно биле удрени од автомобил

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин

Трет обид за покорување на Русија може да ја уништи Европската Унија