Утрински Весник
Свет

Повеќе од 11.000 луѓе евакуирани поради поплавите во Бразил

Повеќе од 11.000 луѓе евакуирани поради поплавите во Бразил

Над 11.000 луѓе се евакуирани поради поплавите во бразилската држава Баија, а властите се обидуваат да им пружат помош на жителите кои немаат алтернативно сместување.

Во обилните дождови кои паѓаат од ноември загинаа 17 лица, а последната жртва е пријавена во четвртокот, соопшти државната агенција за цивилна заштита.

Дождовите особено тешко погодија 19 населени места, вклучувајќи ги Гуаринга, Итороро и Коарачи на југ, а според државната агенција за цивилна заштита, 11.260 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.

Владата на сојузната држава Баија и надлежните федерални институции вчера започнаа заедничка операција, во соработка со други бразилски држави, со цел распоредување луѓе, спасувачки авиони и опрема по потреба, како и давање помош на жителите во загрозените подрачја.

„ Целосно сме мобилизирани, ги преземаме сите мерки за да им ја пружиме неопходната поддршка на жртвите од обилните дождови што ја зафатија Баија овој Божиќ“, рече гувернерот на таа држава, Руи Коста.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот