Утрински Весник
Македонија

Казнети угостителски објекти во Битола

Казнети угостителски објекти во Битола

Казни за угостителски објекти во Битола кои точеле алкохол на малолетници, а затекнати биле и лица без сертификати.

Според информации на полицијата, синоќа во време од 22.30 до 00.30 часот, на подрачјето на ПС од ОН Битола, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти, кафе бар на ул.Булевар 1-ви мај и бар лоциран на ул.Рајко Жинзифов во Битола, при што се констатирани неправилности од страна на Државен пазарен инспекторат.

Затекнати биле четири лица без ковид сертификат, а регистрирано е и точење алкохолни пијалоци на 17 малолетници, за што се изречени соодветни санкции.

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата