Утрински Весник
Македонија

И утре нема да работат дел од семафорите во Скопје

Oд 8 до 15.30 часот нема да работат семафорите во некои делови од Скопје кои ќе останат без електрична енергија.

Од ЕВН информираа дека во тој период ќе има вонредно исклучување на семафорите во центарот на Скопје, поточно кај „Веро џамбо“, Кеј 13 Ноември, Правен Факултет и улицата Мирче Ацев, делот кај паркингот „Холидеј ИНН“ и околината.

ЈП Улици и патишта по најавите на ЕВН ги повикува надлежните за регулирање на сообраќајот, односно МВР за да не дозволат да се направи голем метеж низ градот во овој период од денот.

Можете да прочитате

СДСМ бара Обвинителството да отвори истрага за унгарскиот кредит и во Македонија

Финансиска полиција со кривична за едно лице од Струга, Буџетот го оштетил за над четири милиони денари

Левица: Седум починати за едно лето – западнонилската треска однесе рекорден број жртви, а ИЈЗ го прекина неделното информирање за епидемијата!