Утрински Весник
Спорт

Шпанците побарале од Ез Абе да го одбие повикот на Халилхоџиќ

Шпанците побарале од Ез Абе да го одбие повикот на Халилхоџиќ

Селекторот на Мароко, Вахид Халилхоџиќ, вчера го објави сисокот на фудбалери на кои смета за Африканскиот куп. Не е изненадување што на списокот го нема Хамик Зијеш од Челси, него Халилхоџиќ пред два месеци го отстрани од националниот тим. Изненадување е повикот што го доби 20-годишниот играч на Барселона, Абдесамед Езалзоули или скратено Ез Абе.

Овој млад фудбалер, на последните неколку натпревари е стандарден во тимот на Барселона. Сепак во клубот биле изненадени што добил повик да игра за Мароко.

Уште повеќе биле изненадени во Фудбалскиот сојуз на Шпанија. „Беин спорт“, објави дека од Фудбалскиот притисок на Шпанија започнале да вршат притисок врз фудбалерот да го одбие повикот на Халилхоџиќ.

Според овој извор, од Фудбалскиот сојуз на Шпанија му било ветено дека во иднина ќе настапува за нивната репрезентација.

Ез Абе се наоѓа под голем притисок, има една недела да реши за која репрезентација ќе настапува во иднина.

> Шпанците побарале од Ез Абе да го одбие повикот на Халилхоџиќ <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина