Утрински Весник
Свет

Путин бил оддалечен 80 метри од новинарите на прес-конференцијата, маските се менувале на секои два часа

Путин бил оддалечен 80 метри од новинарите на прес-конференцијата, маските се менувале на секои два часа

Три задолжителни ПЦР-теста за новинарите што присуствуваа на вчерашната годишна прес-конференција на рускиот претседател Владимир Путин не беа доволни за оние што се грижат за здравствената безбедност, па затоа биле преземени дополнителни мерки на претпазливост, пишуваат медиумите.

Според информации на известувачите од светските медиуми, репортерите биле прскани со сребрени честички. Новинарите морало да носат маска и да ја менуваат на секои два часа, сунѓерите за микрофон биле користени само еднаш, а потоа му биле давани на новинарот за спомен.

Столовите на кои седеле новинарите биле цврсто прицврстени на подот за никој да не го намали растојанието. Според медиумите во регионот, Путин бил оддалечен 80 метри од новинарите во најдалечните редови.

Прес-конференцијата на Путин траеше помалку од четири часа и за тоа време тој одговори на 55 прашања.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците