Утрински Весник
Македонија

Срушена дивоградба на улица “Борис Трајковски”

Срушена дивоградба на улица “Борис Трајковски”

Продолжува справувањето со урбанистичкиот хаос во општина Кисела Вода. Утрово, беше срушена уште една дивоградба, овојпат на улицата “Борис Трајковски”.

Непознат сторител, без да поседува одобрение за градба, на оваа локација поставил армирано-бетонскa плоча.

„Денес стопиравме изградба на уште еден нелегален објект, уште еден обид да се прекрши законот и законските процедури. Како што најавив, нашите жители ќе видат еден нов начин на управување со општината, ќе видат што значи нетолеранција на беззаконие и казна за криминалот. Законот постои за да се почитува и ќе важи поеднакво за сите. Никој не е и нема да биде над него”,изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато

МОН со објаснување за проблемите во „Стив Наумов“

Мечка угината во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово