Утрински Весник
Македонија

АВРСМ: Објавен јавен повик за учество во пилот мерката за субвенционирање на плати во текстилниот сектор

АВРСМ: Објавен јавен повик за учество во пилот мерката за субвенционирање на плати во текстилниот сектор

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, ја информира јавноста дека е објавен јавниот повик за учество во Пилот мерката за Субвенционирање на плати во текстилниот сектор во Источниот, Вардарскиот, Полошкиот и Југозападниот плански регион.

Оваа мерка е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија.

Мерката е наменета за невработени лица кои ги изгубиле работните места во текстилниот сектор заради последици од пандемијата предизвикана од вирусот COVID 19 и невработени млади лица до 29 години евидентирани во АВРСМ.

Со оваа мерка се обезбедува финансиска поддршка за работодавачот со субвенција на плата во времетраење од 12 месеци. Висината на финансиската подршка е во зависност од бројот на лицата кои ќе ги вработи и тоа за вработување од 5 до 20 лица, 15.400 денари по лице месечно (за секое младо лице до 29 години 18.500 денари месечно),за вработување над 20 лица по 21.600 денари месечно (за секое младо лице до 29 години 24.600 денари месечно),за вработување над 50 лица по 24.700 денари месечно (за секое младо лице до 29 години 27.700 денари месечно)

Заинтересираните невработени лица и работодавачи кои ги исполнуваат пропишаните критериуми за учество можат да аплицираат до 29.12.2021 година.

Можете да прочитате

Младите во ЕУ си заминуваат од домот на родителите на 26,2 години, кај нас на 32,1 година

Филипче: Црвените линии за СДСМ се јазикот, идентитетот, историјата и културните особености, за нив не се преговара

СДСМ со предлог-резолуција: Уставни измени до февруари 2026 година за да се отвори првиот кластер во преговорите со ЕУ