Утрински Весник
Спорт

Јунајтед и Јувентус во трка по потписот на Камара

Јунајтед и Јувентус во трка по потписот на Камара

Манчестер јунајтед и Јувентус ќе водат битка за потписот на фудбалерот, на Олимпик Марсеј, Бубакар Камара. 22-годишниот фудбалер нема намера да го продолжи договорот кој му истекува на крајот од сезоната.

Ралф Рангник, новиот менаџер на Манчестр јунајтед, го означил Камара како идеално засилување за неговиот тим. Трансферот се чинеше дека е извесен, меѓутоа во трката се вклучи и Јувентус.

Челниците на Марсеј нема да се противат на продажбата доколку во клубот пристигне „интересна понуда“.

Камара е дефанзивен играч од редот за врска, но без проблем може да игра и како централен дефанзивец.

> Јунајтед и Јувентус во трка по потписот на Камара <

Можете да прочитате

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија

Истанбул ќе биде домаќин на дербито Турција – Македонија

Лазаревски: Наша обврска е да го дадеме максимумот