Утрински Весник
Македонија

67 отсто од новите случаи и 85 отсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

67 отсто од новите случаи и 85 отсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во периодот од 6 август заклучно со 23 декември, односно во последните четири месеци.

Како што информираат од ресорното министерство, во анализата за вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози и поминале најмалку 14 дена од примањето на втората доза вакцина.

Во наведениот период, на територија на државата 66.857 граѓани биле позитивни на Ковид-19, а од нив 33% биле целосно вакцинирани, односно 21.806 лица. .
„Според статистика за изминатите недели, 45.051 граѓан, односно 67% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 85%, додека само 15% од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани“, стои во извештајот.

Во него се нагласува дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема.

„Во периодот од 6 август до 23 декември на територија на државата починале 2.362 лица со Ковид-19, а 1.850 пациенти од починатите не биле вакцинирани, односно само 21% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на ‘Модерна’ и ‘Џонсон’“, објаснуваат од Министерството за здравство.

Можете да прочитате

Облачно со врнежи од дожд, температури до 12 степени

Нов бран на обилни дождови во Македонија, можни се нови поплави

Николоски во Брисел: Напредок на инфраструктурните проекти и најави за нови тендери