Утрински Весник
Македонија

За брзо возење, во државата казнети 229 возачи

За брзо возење, во државата казнети 229 возачи

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 229 возачи.

Од нив 11 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 91 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 138 надвор од населено место.

Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат

Мистериозна смрт во Битола: Пред да биде пронајден мртов, камера снимила како човек го влече струмичанецот по Широк Сокак

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани