Утрински Весник
Свет

Чавушоглу: Тензиите меѓу НАТО и Русија достигнаа опасно ниво

Чавушоглу: Тензиите меѓу НАТО и Русија достигнаа опасно ниво

Тензиите меѓу НАТО и Русија достигнаа опасно ниво, предупреди денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

„Турција нема да ги запостави своите блиски врски со Украина само поради нејзините опсежни односи со Русија“, изјави Чавушоглу, цитиран од ТРТ, пренесен од руските агенции.

Според него, Турција следи дипломатија која е во согласност со околностите и барањата на националната безбедност на земјата.

„Тоа е напорна работа, но дипломатијата служи. Турската влада се обидува да изгради надворешна политика заснована на три столба, која ги вклучува националните вредности и интереси, ситуацијата на теренот и можностите на земјата“, рече Чавушоглу.

Според агенциите, Западот и Киев од неодамна шират тврдења за наводна потенцијална инвазија на Русија на Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги осуди ваквите тврдења, опишувајќи ги како празна и неоснована ескалација на тензиите и нагласи дека Русија не претставува никаква закана за никого.

Можете да прочитате

Трамп планира укинување на гласањето по пошта пред изборите за Конгресот во 2026

Кина и Индија договорија одржување на динамиката во билатералните односи

Трамп по телефонски разговор со Путин, најави тристрана средба со учество на Зеленски за решавање на конфликтот во Украина