Утрински Весник
Свет

Во Швајцарија се откриени 8.000 лажни ковид потврди

Во Швајцарија се откриени 8.000 лажни ковид потврди

Повеќе од 8.000 фалсификувани сертификати за вакцинација се издадени во швајцарскиот кантон Сент Гален, изјави регионален претставник.

Истражувањето сега е насочено кон група вработени кои работат во приватен центар за тестирање, бидејќи нивната работа им овозможила пристап до националниот систем за сертификација за вакцинација.

Осомничените ќе треба да платат одредена сума или ќе се соочат со казна затвор до пет години.

Оние кои платиле големи суми за лажни потврди за вакцинација добиле и казни или морале да платат одредена сума, велат од кантоналната управа.

Во Сент Гален стапката на вакцинација е околу 61 отсто од населението, што е најслаба од сите кантони во Швајцарија.

Во цела Швајцарија се вакцинирани речиси 67 проценти.

Можете да прочитате

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија

Пекинг бара од САД да ги прекинат официјалните контакти со Тајван