Утрински Весник
Спорт

На Евертон му недостасуваат 11 играчи, но за нив нема одложување на меч

На Евертон му недостасуваат 11 играчи, но за нив нема одложување на меч

Денеска беше објавено дека два меча од Премиерлигата се одложуваат поради Ковид пандемијата. Мечевите Ливерпул – Лидс и Ватфорт – Вулверхемптон ќе се играат во друг термин. Сепак, мечот што требаше Евертон во недела да го игра против Барнли не е одложен иако менаџерот Рафа Бенитез тврди дека му недостасуваат 11 фудбалери.

„Имаме 6 повредени играчи и 5 заразени со корона. Мислам дека тоа не е чесно. Мојата работа е да имам 11 играчи кои можат да играат на своите позиции против Барнли. Тоа сега не е лесно. Навистина сум изненаден што ќе го играме тој меч. Имаме 9 играчи и тројца голмани. Мора да доведеме 5 млади играчи кои немаат искуство од играњето во ПЛ“ рече Бенитез.

Шпанецот нема да може да смета на напаѓачот Доминик Калверт-Луин кој пропушти поголем дел од сезоната поради повреда.

Последните два меча на Барнли се одложени затоа што нивните противници имаат голем број заразени.

Барнли е на 18. позиција на табелата со 11 поени од 15 меча, додека Евертон е 14-ти со 19 поени.

> На Евертон му недостасуваат 11 играчи, но за нив нема одложување на меч <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина