Утрински Весник
Спорт

Ѕвездата на Челси го пропушта Купот на африкански нации поради кавга

Ѕвездата на Челси го пропушта Купот на африкански нации поради кавга

Наближува почетокот на Купот на африкански нации, кој на програмата е на почетокот на 2022 година.

Селекторот на Мароко, Вахид Халилхоџиќ, реши во националниот тим да не го повикува фудбалерот на лондонски Челси – Хаким Зијеш.

Турнирот кој годинава ќе се игра во Камерун започнува на 9 јануари, а Зијеш нема да е дел од селекцијата затоа што пред неколку месеци дошло до кавга на релација играч – селектор. Ниту во меѓувреме нивните односи не се подобриле.

„Првпат во мојата долга тренерска кариера видов однесување што ме разочара. Играч одби да игра меч, иако пријателски, со образложение дека е повреден“, рече Халилхоџиќ во септември кога првпат го изостави Зијеш од списокот.

Од тогаш веќе фудбалерот на европскиот шампион не е во неговите планови.

За Мароко ќе настапуваат сите најпознати играчи, а меѓу патниците на Купот ќе биде и младиот играч на Барселона – Абдесамед Езалзули, кој добива се повеќе доверба од тренерот Чави.

> Ѕвездата на Челси го пропушта Купот на африкански нации поради кавга <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина