Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Костадинов се пресели во Пјаст Гливице

Костадинов се пресели во Пјаст Гливице
Img 7972

Македоснкиот репрезентативец, Тихомир Костадинов, кариерата ќе ја продолжи во Полска. 25-годишникот, го напушти Ружомберок и потпиша три и пол годишен договор со Пјаст Гливице.

Костадинов по шест години ја напушти Словачка , каде покрај во Ружомберок играше и За Бањска Бистрица и Злате Моравце.

„Добивме уште еден перспективен играч, репрезентативец на својата земја. Имаме добра можност да ги искористиме неговите квалитети. Верувам дека под палката на Валдемар Форналик, фудбалерот ќе покаже сиот свој потенцијал и дека ќе им донесе многу радост на нашите навивачи“, изјавил за клупскиот сајт, претседателот Гжегож Беднарски.

Играчот од средниот ред е стандарден во македонската репрезентација. Дебитираше во националниот тим во 2019 година, играше на Европското првенство. Досега одиграл 16 натпревари за репрезентацијата на македонија.

> Костадинов се пресели во Пјаст Гливице <

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг