Утрински Весник
Спорт

Фудбалерите годината ќе ја завршат на 67.место во светот

Фудбалерите годината ќе ја завршат на 67.место во светот

Фудбалската репрезентација на Македонија 2021 ја заврши на 67.место, на ранг-листата на ФИФА. Во овој период пред една година, Македонија, на оваа листа имаше подобра пласман за две позиции.

Фудбалската 2021 ќе остане засекогаш запишана во историјата на македонскиот фудбал, репрезентацијата дебитираше на едно големо натпреварување, ЕУРО 2020, а неколку месеци подоцна избори место во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

Македонија во полу-финалето ќе игра против актуелниот европски првак Италија, доколку ги победи „азурите“, ќе игра во финалето против Португалија или Турција.

Противникот на Македонија во баражот за Мундијалот, Италија, на листата се наоѓа на шестото место.

Годината на првото место ќе ја заврши Белгија, пред Бразил, Франција, Англија, Аргентина, Италија, Шпанија, Португалија, Данска, Холандија…

Фото/ffm.mk

> Фудбалерите годината ќе ја завршат на 67.место во светот <

Можете да прочитате

Лион во нов скандал: сомнежи за фиктивни трансфери од 120 милиони евра

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026