Утрински Весник
Свет

Се е подготвено за годишната прес-конференција на Путин

Се е подготвено за годишната прес-конференција на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе одржи традиционална годишна прес-конференција.

Поради мерките против коронавирусот, годинава бројот на новинари ќе биде ограничен на 500, а конференцијата ќе се одржи на поголем простор.

Потребен е негативен ПЦР-тест за учество на конференцијата, а растојанието помеѓу столовите мора да биде три метри.

Големата конференција на Путин е годишен настан што се одржува од 2001 година.

По правило, шефот на државата првин ги објавува главните економски и социјални показатели, а потоа новинарите имаат можност да поставуваат прашања.

Можете да прочитате

 120 членови на Исламска држава избегале од затвор во Сирија

Руски напад врз Киев, делови од градот без струја и греење

Цените на златото постојано растат