Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Афлек: Ги гледав децата додека снимавме филм благодарение на Клуни

Афлек: Ги гледав децата додека снимавме филм благодарение на Клуни
Img 7972

Бен Афлек искажа пофални зборови за Џорџ Клуни, кој му овозможил да поминува повеќе време со своите три деца за време на продукцијата на The Tender Bar.

Филмот во кој глуми Афлек е во режија на Клуни.

49-годишниот актер во вторникот разговараше со „Пипл“ за соработката со Клуни (60) во драмата на „Амазон“.

Афлек, кој има две ќерки Вајолет (16), Серафина (12) и син Семјуел (9) со поранешната сопуга Џенифер Гарнер, изјави за медиумот дека неговиот живот навистина многу се променил, и дека откако станал татко, било очигледно дека приоритет е времето со нив.

„Тој беше неверојатен, бидејќи и тој е татко и ќе ме пушташе да излезам за време на викендите или ќе завршевме со снимање на некои кадри порано,“ рече Афлек за Клуни, кој е татко на близнаците Ела и Александар (4) со сопругата Амал Клуни.

Можете да прочитате

Словенија, Шпанија, Холандија, Ирска и Исланд бараат „Евровизија“ да го исклучи Израел

Науката потврди: Овошјето ги штити белите дробови од загадениот воздух

Започнува најголемиот натпревар за средношколци во Македонија „СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“