Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Аеродромите и авиокомпаниите бараат да се укинат ограничувањата за патување

Аеродромите и авиокомпаниите бараат да се укинат ограничувањата за патување
Img 7972

Аеродромите и авиокомпаниите ги повикаа владите на сите европски земји да ги следат најновите упатства на Европскиот центар за превенција и контрола на болести и да ги преземат неопходните мерки за укинување на сите ограничувања за патување поврзани со новиот вид на коронавирус омикрон.

Сè повеќе европски земји воведуваат ограничувања за патување за вакцинирани патници како одговор на зголемениот ризик од варијантата омикрон. Според Меѓународниот совет на аеродроми, неопходно е сите европски влади да ги следат упатствата на експертите од Европски центар за превенција и контрола на болести за да се отстранат ограничувањата.

Новите упатства на европскиот центар повикуваат на итна и силна акција за да се забави ширењето на варијантата омикрон и на тој начин да се намали притисокот врз здравствените системи и да се заштитат животите. Сепак, имајќи предвид дека сојот омикрон е веќе присутен низ цела Европа, мерките за строго ограничување на патувањето повеќе не се неопходни или ефективни, посочува Меѓународниот аеродромски совет.

Владите сега треба да се фокусираат на засилување на низа мерки насочени кон спречување на локалниот пренос, вклучително и избегнување на големи јавни или приватни собири, користење маски за лице, намалување на социјалните контакти со проширено тестирање, енергично следење на контактите и зголемена вакцинација.

Ограничувањата повеќе не се ефективни и не служат никому. Инсистирањето на тестирање и карантин за вакцинирани патници само ќе донесе потешкотии за туристичката индустрија и оние кои се потпираат на неа, посочува ЕЦДЦ.
Одлуките за задолжителен карантин или скапи тестови само го зголемуваат товарот што патниците веќе го носат, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Мажот кој пукаше во Минхен остави порака дека поставил бомба на Октоберфест

Се менува системот за влез во ЕУ – по идната недела нови правила на границите

Цените на нафтата паѓаат по вестите за изгледите за прекин на огнот во Газа