Австриските власти се алармирани затоа што лице заразено од сојот омикрон учествувало во саботниот протест на противниците на епидемиолошките мерки.
Властите во провинцијата Корушка соопштија дека на протестот во саботата присуствувало лице од општината Вилах Ленд, кое во тоа време било заразено од сојот омикрон. Тоа лице е во карантин, а се утврдуваат неговите контакти.
Бидејќи демонстрантите не ги почитуваа мерките за дистанца и носење маски, сите што беа на демонстрациите беа повикани да ја следат својата здравствена состојба и во случај на симптоми да се обратат до надлежните служби.
Сојот омикрон е позаразен од кој било досега, па австриските власти се загрижени поради можноста за брзо ширење.