Утрински Весник
Свет

ЕУ воведува дополнителни царини за увоз на кинеска алуминиумска фолија

ЕУ воведува дополнителни царини за увоз на кинеска алуминиумска фолија

Европската унија планира да воведе дополнителни царини за алуминиумска фолија што доаѓа од Кина, откако Европската комисија утврди дека производителите од таа земја имаат корист од прекумерните и нефер субвенции, објави официјалниот магазин на ЕУ.

Од утре ќе стапат на сила тарифите за одреден вид тенка алуминиумска фолија, кои ќе се движат од 8,6 до 18,2 отсто и ќе ги надминат постоечките антидампинг царини кои се движат од шест до 28,5 отсто.

Европската комисија, која спроведе истрага по жалбата на европските производители, рече дека Кина го идентификувала производството на алуминиумска фолија како клучна индустрија и интервенирала во слободната игра на пазарните сили за да го промовира секторот.

Државните субвенции имаа форма на повластено финансирање, осигурување на извозни кредити, грантови, даночни ослободувања и државни права за користење земјиште и електрична енергија по цени пониски од пазарните.

Истрагата покажа дека уделот на Кина на пазарот на алуминиумска фолија во ЕУ се зголеми на 24 отсто во 2019 година од 18 отсто во 2017 година, додека просечните цени паднаа. Увозот од други земји беше ограничен.

Можете да прочитате

Песков најавува преговори за Украина во Абу Даби во почетокот на ноември

Товарен брод потона во Црното Море кај Констанца по сомнителен напад со дрон; еден морнар е загинат

Најмалку 16 лица загинаа, 54 се повредени во земјотрес на Тибет со јачина од 7 степени