Утрински Весник
Спорт

Наполи ќе се засилува во зимскиот преоден рок

Наполи ќе се засилува во зимскиот преоден рок
Dik 300x250 mk

Наполи, во зимскиот преоден рок, ќе ги решава кадровските проблеми. Тренерот Лучано Спалети побарал тимот да се засили на левата бековска позиција. Мета на клубот се еден поранешен и еден актуелен француски репрезентативец.

Прва опција е Лавин Курзава од ПСЖ. Курзава сезонава има одиграно само еден натпревар. Курзава е играч на ПСЖ од 2015 година.

Втора опција е Лукас Дињ играчот на Евертон. Дињ, од почетокот на сеозната настапил на 15 натпревари. На последните натпревари не беше во конкуренција, поради несогласувањата со менаџерот Рафа Бенитез. Дињ има искуство од Серија А, во сезоната 2015/16 го носеше дресот на Рома.

Наполи сезонава се бори за скудетото. на табелата, тимот на Спалети има четири бода помалку од лидерот Интер.

> Наполи ќе се засилува во зимскиот преоден рок <

Можете да прочитате

По новите докази ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018

Рељиќ со победа над Бразил и нефер пораз од Кина на Светско првенство Г-14

Ракометниот спектакл на задоволство на ракометната публика