Утрински Весник
Македонија

Експлозија на паркирано возило позади „Буњаковец“, се запалиле бараките на „Улици и патишта“

Експлозија на паркирано возило позади „Буњаковец“, се запалиле бараките на „Улици и патишта“
Dik 300x250 mk

Возило паркирано на тротоарот до бараките на „Улици и патишта“ експлодирало, а пожарот ги зафатил и канцелариите на јавното претпријатие.

Страшниот пожар во центарот на Скопје, позади трговскиот центар „Буњаковец“ се случил синоќа, околу еден часот по полноќ.

Засега се непознати причините за тоа како се запалило паркираното возило. Од Противпожарната бригада велат дека акцијата за гаснење на пожарот и натаму трае.

„Пожарот настанал од надворешна страна, кога неофицијално, експлодирало возило. Зафатена е кровната конструкција, која претставуваше голем проблем за да се влезе и интервенира. Делумно опожарено е уште едно возило со скопски таблички, кое било паркирано. Интервенирано е со шест противпожарни возила“, вели командантот на скопската противпожарна бригада, Владимир Симоновски.

Превентивно, едно противпожарно возило и натаму е на терен. На местото треба да излезе и јавен обвинител, бидејќи возилото се запалило додека било паркирано.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

Кочински: Граѓаните можат паралелно да се тестираат за грип и за Ковид-19

Швајцарска енергетска корпорација на чекор до купување на Лукоил Македонија?