Утрински Весник
Спорт

Прволигашкиот сон на Салернитана станува кошмар – не се појавија во Удине

Прволигашкиот сон на Салернитана станува кошмар – не се појавија во Удине

Во сцени кои потсетија на одложениот меч помеѓу Јувентус и Наполи минатата година, мечот Удинезе- Салернитана не се одигра во вторникот, откако на гостите им беше забрането да патуваат поради позитивни КОВИД-19 тестови, а Серија А не го одложи мечот, што значеше дека фудбалерите на Удинезе пристигнаа на „Дачија арената“, каде што чекаа 45 минути.

Локалните здравствени власти во Салерно му забранија на тимот да лета на редовна авионска линија по еден позитивен тест меѓу фудбалерите, а Салернитана планираше да има приватен лет, пред нови позитивни тестови да го уништат и овие планови. Директорот на Удинезе, Пјерпаоло Марино се правдаше дека неговиот тим играл со Лацио со седум позитивни тестови.

Ова е уште еден лош момент за последнопласираниот нов прволигаш, откако Серија А се закани дека ќе ги исфрли од лигата, доколку нивниот газда, Клаудио Лотито не го продаде тимот – Лотито е претседател и газда на Лацио, а правилата на лигата велат дека еден човек не смее да има два клуба во елитата.

> Прволигашкиот сон на Салернитана станува кошмар – не се појавија во Удине <

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија