Утрински Весник
Магазин

Рајан Рејнолдс: Мислат дека сум Бен Афлек и никогаш не ги исправам

Рајан Рејнолдс: Мислат дека сум Бен Афлек и никогаш не ги исправам

Грешки во препознавање личности се случуваат постојано, а познатите не се исклучок.

Ѕвездата на Red Notice („Црвено извесување“), Рајан Рејнолдс, откри во интервју за подкастот Dear Hank and John дека постојано го мешаат со Бен Афлек во една пицерија во Ист Вилиџ, Њујорк.

Актерот (45) објасни дека со години оди на истото место за да јаде или да земе пица за дома, а таму продолжуваат да го мешаат со Афлек.

„Тие мислат дека јас сум Бен Афлек и никогаш не ги исправам“, рече тој. „Чувствувам дека нема да помине добро ако откријам. Правам сè што е нормално како и сите други“.

„Мислејќи дека сум Афлек ќе ме прашаат како е Џеј Ло, а јас им велам: одлично, добро. Ја земам пицата и си одам“.

Можете да прочитате

Костадинов ќе стане татко – го очекуваат синот Никола

Синчето на Борко Ристовски најде 500 евра во маркет – мајката Нина го бара сопственикот

Бугати направи велосипед – поскап е од нов семеен автомобил