Утрински Весник
Магазин

Крис Нот доби отказ од крими-серијата „Еквалајзер“ по обвинувањата за сексуален напад

Крис Нот доби отказ од крими-серијата „Еквалајзер“ по обвинувањата за сексуален напад

Ѕвездата на „Сексот и градот“, Крис Нот, е отпуштен од криминалистичката драмска серија на „Си-би-ес’, The Equalizer, откако против него беа изнесени обвинувања за сексуален напад.

„Крис Нот повеќе нема да снима дополнителни епизоди од ‘Еквлајзер’. Оваа одлука веднаш ќе стапи во сила“, се наведува во изјава на „Јуниверзал телевижн“ и „Си-би-ес“ до која дојде „Дедлајн“.

67-годишниот Нот ќе се појави во претстојната епизода од серијата, која е веќе седум епизоди во втората сезона. Тој е дел серијата од почетокот на 2021 година.

Минатата недела две жени го обвинија актерот за сексуална злоупотреба. Двете стапиле во контакт со „Холивуд репортер“ за да споделат детали за наводно силување.

Нот ги негира ваквите наводи.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста